| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите на Саудиска Арабија ќе бидат казнети за поразот

Голем број фудбалери на Саудиска Арабија ќе бидат казнети за поразот од Русија со 0:5 на почетокот на Светското првенство.

Според претседателот на саудиската Федерација, Адел Изат играта била безобразна и не одговорала на нивото што тимот го прикажал во контролните средби.

– Резултатот не е реален. Ние сме разочарани од овој пораз. Ќе има казни, рече Изат.

Меѓу оние кои ќе бидат казнети, секако спаѓаат голманот Абдула Ал Муаиуф, напаѓачот Мохамед Асири и дефанзивецот Омар Хавсави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top