| четврток, 6 декември 2018 |

Фер игра во Јужна Кореја – голманот даде автогол (видео)

Во Јужна Кореја голманот си даде гол за да ја исправи грешката на соиграчот, што беше наградено со аплауз заради екстрафер игра. Претходно играчот на Џеонбук, сакајќи да им ја врати топката на противниците од Сеонгнам, по грешка постигна погодок. Имаше и кавга на теренот, а фудбалерите на Џеонбук одлучија да примат гол за да ја вратат рамнотежата. Честа да одигра фер игра му припадна на голманот, кој ја прими топката, се заврте кон сопствениот гол и ја погоди мрежата. Можеби изгледа комично, но е според правилата на фер однесување во спортот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top