| четврток, 6 декември 2018 |

Тој ќе рече „не“, а јас „да“: Нa 1 јули ќе се мажи најпознатата лото девојка

Омиленото тв лице, Сузана Манчиќ на 1 јули ќе се мажи за долгогодишниот свршеник, грчкиот банкар Симеон Оцомокос. Се е подготвено тој ден во црква на островот Пилион еден на друг да се заколнат на љубов.

Венчавката е закажана на островот, каде Симеон има куќа.

-Секако дека Симеон ќе рече не, додека јас ќе речам да, бидејќи на грчки не значи да. Нема да се придржуваме до некои традиционални обичаи, но секако ќе се потрудам да го нагазам- насмеана открива најпозната лото девојка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top