Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во април годинава се повисоки за 6,5 отсто на месечно и за 9,6 отсто на годишно ниво.
Сpоред податоците на Државниот завод за статистика, цените на моторниот бензин се повисоки за 6,2 отсто на месечно и за 3,9 отсто на годишно ниво. Кај дизелот, пак, на месечно ниво се повисоки за 7,5, а на годишно за 19,4 отсто.
Кај керозинот зголемувањето на цената на месечно ниво е пет отсто, а на годишно 2,1 отсто, додека кај пропан бутанот, односно ТНГ горивото има намалување на цената за 0,3 отсто на месечно и за 4,5 отсто на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.