Британската кралица Елизабета Втора го прослави својот 92. роденден, а на традиционалната поворка за првпат се придружи и сопругата на принцот Хари, Меган Марк.
Кралицата Елизабета Втора, Камила Паркер Боулс и Кејт Мидлтон облекоа фустани со плави тонови и долги ракави, како што налага протоколот.
Но, правилото дека членовите на кралското семејство треба да имаат покриени рамена го прекрши Меган Маркл која облече фустан со откриени рамена.
Војвотката облече фустан од Каролина Херер, којшто го здогледала на социјалните мрежи и го купила. Не е познато дали кралицата имала замерки за изгледот на Маркл.
Инаку, Елизабета Втора е родена на 21 април, кога се организираше концерт на кој пееја Том Џонс и Стинг. Меѓутоа, британската традиција долга 250 години наложува дека монарсите мора да слават два родендени од кои едниот во втората недела од јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)