| четврток, 6 декември 2018 |

Тунис: Потона брод со мигранти, загинаа најмалку 35, спасени 67

Најмалку 35 мигранти загинаа откако денеска се преврте брод на кој биле качени во близина на брегот на Тунис, соопшти Министерството за одбрана на таа држава.

Крајбрежната стража спасила 67 лица.

Спасувачката операција е во тек. Дел од мигрантите биле државјани на Тунис. На бродот имало околу 180 мигранти, изјавија официјални лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top