| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетството на Војводата од Сасекс: Меган и Хари ги носат нивните титули, ако имаат таков брак ги чека пекол!

Војвотката од Сасекс била бремена кога застанала пред олтар. И била вљубена, но не во својот сопруг, туку во својот роднина. Се разбира, не станува збор за Меган Маркл, туку последната жена која ја носела титулата Војвотка од Сасекс. прд повеќе од 200 години црвенокоскиот принц се вљубил во постара темнокоса жена. Мрежа од љубов, лаги, измами и срам се ткаела 40 години.

Тогашната Војвотка од Сасекс била леди Августа мареј, ќерка на Ерлот од Данмор, а нејзиниот сопруг бил принцот Аугустус фредерик, шестиот син на „лудиот“ крал Џорџ Трети, кој наскоро ќе стане прв Војвода од Сасекс. Компликуваниот љубовен триаголник ги уништил животите на војводата, неговата ѓена и нејзиниот роднина.

Принцот Аугистус е роден во Бакингемската палата. Како дете имал асма и го испратиле во странство кога имал 13 години. До 19 години живеел во Италија каде ја запознал леди Августа која била пет години постара од него.

Таа била лудо вљубена во својот роднина лордот Арчибалд, а некои веруваат и дека леди побегнала од Британија во остатокот од Европа за да го роди детето на Арчибалд.

Што и да било во прашање, Августа во текот на престојот во Рим со својата мајка го запознала Авустус. Принцот веднаш се вљубил, И по неколку недели ја запросил. Тој тогаш имал 20 а таа 25 години. Тајно се венчале во хотелот“Сармијенто“ во Рим, а подоцна тврделе дека церемонијата била незаконска.

Августа знаела дека ќе има проблеми а не можела да одолее да не стане член на кралскотот семејство, запишал историчарот Кенет Роуз. Но, членовите на британското кралско семејство никогаш не ја признале. Двојката се вратила во Британија, сега со бебе на патот и повторно се венчале во Мејфер. За разлика од раскошното венчавање на Меган и Хари, оваа церемонија била одржана во потполна тајност, наведува „Дејли мејл“.

Двојката објавата за венчавка ја пуптила три недели по ред, како што налагал законот, но нивните имиња биле наведени како Август Фредерик и Августа Мареј за да се избегне публицитет. На денот на венчавката, 5 декември 1793 година Августа била во поодмината бременост, а кога кралот слушнал за тоа двата брака ги прогласил за незаконски и ги поништил. Августа никако не можела да се нарече припадничка на кралското семејство, инсистирал кралот.

По еден месе таа родила момче, а поради срамот кој им го нанесол кралот го протерал Августус. Тој отишол во Италија додека на војвотката и било речено да остане со детето во британија. Војводата повторно се вљубил. овој пат во оперската пејачка од Неапол Џузепина Граси со која бил во врска две години, додека војвотката почнала повторно да се гледа со својот роднина, лордот Арчибалд. Но, по пет години Августус се вратил а набргу по неговото враќање војвотката повторно забременила. Иако тој на почетокот го прифаќал детето како негово, открил купче писма кои го убедиле во сосема спротивното.

Двојката била заедно шест месеци кога војводата дошол од Португалија. Никогаш повеќе не ја видел Августа која ја оставил буквално без ниту една паричка. До тогаш официјално биле во брак 7 години, иако заедно поминале помалку од една година, а и двајцата биле неверни. Според записите војвотката заминала во Лисабон да го натера сопругот да и даде пари и се договориле да и исплаќа 4.000 фунти годишно.

За возврат таа требало да престане да се нарекува војвотка од Сасекс, а на крај се договориле таа да го промени името во леди Августа де Амеланд, а титулата била избрана откако дворските службеници го истражиле нејзиното потекло. нејзините деца без оглед дали таткото им е принц или не, не добиле кралски статус, а според потеклото на мајката го добиле презимето д’Есте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top