| четврток, 6 декември 2018 |

Пратениците ги изгласаа новите четворица министри во Владата

Собранието пред малку ги изгласа новите четворица министри во Владата.

Рената Треневска Дескоска е нова министерка за правда и за нејзиниот избор гласаа 67 пратеници, а против беа 23.

Новиот министер за образование и наука е Арбр Адеми чиј избор го поддржаа 67 паретници, а 25 беа против. За новиот министер за култура Асаф Адеми гласаа 66 пратеници, а против беа 23 и за новиот министер без ресор Бардул Даути 65 пратеници гласаа „за”, 26 беа против и еден воздржан.

Веднаш по гласањето новите министри дадоа свечени изјави.

Во тек е дискусија за изборот на заменици министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top