Претпладнево ќе биде објавена пресудата за насилните протести од втори март организирани на „Фејсбук“ за поддршка на именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана.
Седумнаесетмина се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Според пресметките на обвинителството разулавената толпа направила штета од речиси 9 милиони денари. Овде спаѓаат искршените возилата на МВР, над 15 приватни возила, 2 автобуски постојки, десетина прозорци, еден запален и два оштетени автобуси на ЈСП, две каменувани противпожарни возила кои дојдоа да го изгаснат пожарот.
Дваесетина полицајци кои интервенирале на протестите беа повредени со бекатон-плочки, камења, шишиња и други тврди предмети. Во текот на судскиот процес сведочеа и граѓани кои биле случајни жртви на насилствата низ Скопје и биле повредени од хулиганите, но најголем број од нив не ги препознале обвинетите. Сведочеше и возачот на автобусот кој беше запален кај Бит-пазар. Одбраната целосно ги негираше обвиненијата и ги оспори снимките од медиумите со чија помош МВР ги идентификуваше обвинетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
13 и 12 години затвор за тројцата обвинети за злоупотреба на малолетничката која остана бремена
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени



