
Поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Телевизија Сител, вели дека сите случаи кои се водат против него се дел од поголема хајка која има повеќе цели.
– Едната цел е како премиер кој силно се бореше за недозволување, проблемот со името и со националните прашања да се решат по терк на нашите соседи. Да бидам оцрнет, да бидам понижен, да бидам омаловажен, и на некој начин да не може да се прави компарација меѓу моето делување и делувањето сега. Односно кога ќе се прави, да се рече „па добро, тој е осуден“, „тој е обвинет“, „да не правиме сега споредба со него“ итн, вели Груевски.
Според него, втората работа во хајката е дефокусирање на јавноста.
– Има и други цели, но ова се дел од целите кои што сакаат да ги направат рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


