За време на ТВ дуелот на прашањето од новинарот за реформите во администрацијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека голем број од административците се подложени врз класична гилотина.
„На дневна основа квалификувани кадри се деградирани и ги губат работните места без никакво образложение. Тие се луѓе со искуство кои придонесуваат во институциите во кои работат. Не е проблемот во тоа што на дел од административците им истекол договорот, проблемот е во тоа што на нивно место се вработуваат луѓе не поради нивната способност, туку поради партиските активности”, истакна Мицкоски.
Од друга страна премиерот Зоран Заев смета дека во моментов администрацијата работи во добра атмосфера. Имено, тој вели дека доколку на административиците им е тешко, нека ја напуштат работата, а на нивно место ќе биделе вработени нови кадри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


