Првата дама на САД, Меланија Трамп, во саботата се вратила во Белата куќа откако поминала седум дена во болница поради операција на бубрег. Таа била успешно оперирана во националната воена болница Волтер Рид, а нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја посетил повеќепати.
Американскиот претседател по враќањето на неговата сопруга, објавил на Твитер дека му е драго што се вратила, меѓутоа погрешно го напишал името на својата сопруга во твитот. Тој и’ се обратил со „Мелани“.
„Одлично е тоа што нашата прекрасна прва дама се врати во Белата куќа. Мелани се чувствува одлично и добро и’ оди. Ви благодариме на сите за молитвите и убавите желби!“, напишал Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст