Нина Бадриќ во последно време постојано се смешка, а изгледа дека има и добра причина за тоа. Имено, според шарчиските муабети, пејачката е во љубовна врска со контроверзниот бизнисмен Тино Бралo.
Според написите на „Вечерњи лист“, Тино се збогатил во 1990-тите години продавајќи кафе низ цела Југославија, но и на Кипар, Египет и во Белгија. Пред три години, беше осомничен за шверц на тутун откако беше фатен за време на претоварувањето на тутунот од камион во комбе.
Хрватската пејачка минатата недела беше забележана на романтична вечера во еден загрепски ресторан со шармантниот господин, а вљубените гулапчиња „скокнаа“ и на мини-одмор на Малдиви, пренесува РТЛ Ексклузив.
Сепак, животот е да се ужива во четири ѕида, а среќата е да се ужива во неа, а не да се раскажува со полна уста“, изјави пејачката, откривајќи какви квалитети треба да поседува нејзиниот избраник.
„Мене најсекси ми е посветеноста на мажот. Маж што е верен во секој поглед. Мислам дека тоа е возможно. Не ми е важно дали е постар или помлад од мене, дали е дебел или слаб, ќелав, чупав или дали куца“, откри пејачката.
Инаку, Нина по разводот со Бернард Красниќ избегнува да зборува за приватниот живот, а вели дека денес има само едно правило.
„Некако завршувам токму со тој за кој ќе кажам дека никогаш не би била со него, така што веќе не ја изговарам таа реченица и мислам дека животот ќе ме изненади“, оптимистична беше Бардиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст