
Екипата на Милан во последниот натпревар од Серија А сезонава убедливо ја совлада Фиорентина со убедливи 5-1 и успеја да го освои шестото место во италијанското првенство, кое гарантира директен пласман во групната фаза на Лига Европа.
Пред овој натпревар, стратегот на „миланезите”, Џенаро Гатузо даде едно ветување кое ќе мора да го исполни. Тој вети дека ако Милан обезбеди иззлез во Европа ќе пешачи цели 30 километри.
– Тоа што го ветив ќе мора да го испочитувам и да го исполнам. Едноставно е, ветување се дава за потоа да биде исполнето. Тргнувам во среда, а позади мене ќе ме следи сопругата со автомобил со сите неопходни работи од безбедносен аспект. Ќе дадам се од себе за да ги испешачам ветените 30 км, изјави Гатузо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


