| четврток, 6 декември 2018 |

Претепување на трудници, силување на мажи и убивање на затвореници: Сноуден ја разоткри новата шефица на ЦИА

Најбараниот американски бегалец, поранешен припадник на Американската служба за безбедност – NSA, Едвард Сноуден, на Твитер го прокоментирал изборот на Џина Хаспел за шефица на ЦИА.

-Џина Хаспел учествувала во мачења како што се претепување на невини трудници во стомак, анално силување на мажи и смрзнување до смрт на оковани затвореници. Лично ја напишала наредбата да се уништат 92 ленти од мачењата кои ги спроведувала ЦИА- напишал Сноуден.

Џина Хаспел, која го има злокобниот прекар Крвавата Џина бидејќи е озлогласена поради смислувањето и спроведувањето на брутални мачења кои ги користела ЦИА, прогласена е за нова шефица на таа шпионска организација, благодарение на поддршката на сенаторите од редовите на Демократската партија, додека голем број на републиканците се спротивставиле на нејзиното именување.

Иако нејзиното именување го предложил лично претседателот на САД, Доналд Трамп, кој меѓу првите и го честитал именувањето. Крвавата Џина на сослушувањето во Сенатот изјавила дека нема да ја послуша претседателската наредба ако ја смета за “морално спорна”, па ветила дека во иднина нема да мачи затвореници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top