| четврток, 6 декември 2018 |

Адвокатот Тасевски ја потсети Кацарска за измените на Законот за судовите

Судијката Добрила Кацарска, Ссудија во случајот „Тенк“, каде обвинети меѓу другите се и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешаната министерка за вннатрешни работи, Гордана Јанкулоска, постапува спротивно на Законот за судови и прави потешки дисциплински повреди, непочитувајќи ги пресудите на ЕСЧП. И со тоа директно го повредува чл.18 ст. 8 од ЗС.

Според измените на Законот за судови, кој беа усогласени помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како дел од реформскиот пакет на закони гласани во Собранието пред враќањето на препораката за отпочнување на преговори, како потешка дисциплинска повреда за која се поведува постапка за утврдување на одговорност на судија како основ за разрешување се смета и непочитување и непримената на ставовите изразени во конечните пресуди на Европскиот суд за човекови права.

-Соочени сме со докази на СЈО со кои се кршат меѓународни стандарди за човекови права на слободи. Материјалите произлезени од незаконското следење на комуникации СЈО ги добивал од политичкиот опонент на обвинетите – СДСМ. Сопственикот на странската подружница „Еос консалтинг“, која го вршела  вештачењето, а и вештаците се, исто така, од политичката партија СДСМ. ЦД-еата со разговорите не се во оригинална форма, па одбраната беше оневозможена со свој технички советник да ја провери нивната автентичност.

Според Европскиот суд за човекови права, доколку нема неутралност на вештачењето, се загрозува правото на еднаквоста на оружјата. Повредено е и правото на одбраната да учествува во вештачењето и да користи свој технички советник. Европскиот суд за човекови права вели дека доказите не се објективни доколку во вештачењето не е присутна одбраната. Во оваа постапка повредени се Уставот на РМ како и многу членови од Европската конвенција за човекови права затоа сметам дека единствена правична одлука на судот е ослободителна одлука.

Го поздравувам стапувањето на сила Законот за измена и дополнување на Законот за судовите, според кои судот е должен да ги земе предвид и да посвети посебно внимание на праксата на Европскиот суд за човекови права и ставовите изразени во конечните пресуди, особено имајќи ги предвид одредбите од Законот за измена и дополнување на Законот за судови, рече адвокатот Боро Тасевски.

Кацарска му се заблагодари на Тасевски за тоа што ја потсетил за измените во законот.

Кацарска не ја интересираат Законот за судови, ниту одлуките на Европскиот суд за човекови права

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top