| четврток, 6 декември 2018 |

Дански научници имаат лек за еректилна дисфункција

Данските научници веруваат дека го решиле проблемот со еректилна дисфункција со откривање на новиот третман на матични клетки. Со инјектирање на матични клетки во пенисот можно е да се оживеат нервите и крвните садови. Оваа постапка половиот орган го прави поголем, што со Вијаграта не може да се постигне.

Како што пишува британски „Сандеј Тајмс“, постапката засега се применува на мажите кои поради карцином им е отстранета простатата. Како последица на оперцијата може да се јави дегенерација на нервите и крвните садови во пенисот, кој поради тоа се „собира“.

Професорот Сорен Шеик, директор на данскиот Центар за регенеративна медицина вели дека повторно добиената функција на пенисот траела повеќе од една година, но предупредува дека се потребни испитувања на подолг период. Тој додава дека терапијата со матичните клетки може да им помогне на милиони луѓе кои имаат еректилна дисфункција поради други болести: дијабетес, срцеви болести, висок притисок или едноставно поради стареење. Матичните клетки може да израснат во многу различни ткива на човечкиот организам како нерви, црн дроб, бубрег, а ефикасни се во изградба на крвните садови.

За време на постапката, со липосупкција се отстрануваат масните ќелии од абдоменот. Потоа тие се центрифугираат, од нив се одвојуваат матични клетки, кои се инјектираат во пенисот на пациентот, пренесува „Телеграм“.

Последните две децении расте интересирањето за терапии со матични клети. Научните, меѓутоа предупредуваат дека се потребни години истражувања пред да се дојде до вистински терапии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top