ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата организира протестен собир на 2-ри јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија, најави вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по седницата на Централниот Комитет на партијата . Народот, како што вели тој, го крева својот глас против погубно владеење на оваа влада. Запрашан зошто се доцни со протестот кој беше најавен првично за месец мај, Мицкоски вели:
Ги антиципиравме сите можни датуми во месец мај. Имавме сериозна дискусија околу термините кога би се одржал овој протестен митинг. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во фаза на реорганизација и реструктуирање, повеќе од 40 Општински комитети имаа нова или е потврдена старата структура во Општински комитет.
Мицкоски рече:
Се приближува една година од владеењето на СДСМ односно од владата која што ја предводи СДСМ во коалиција со ДУИ. Гледаме дека поминува една година со неисполнети очекувања, нереализирани ветувања, економијата комплетно е разурната. Гледаме дека нема реформи ниту во образованието ниту во здравството, ниту во социјалата, апсолутно празни политички памфлети. Една година на големи разочарувања во Република Македонија и логично е да ВМРО-ДПМНЕ како одговорна, државотворна, сериозна партија, отвори внатре партиска дебата за тоа што и се случуваше на Република Македонија во изминатите скоро една година, Влада на СДСМ. Но, истовремено да понуди еден гантограм на активности кој што ќе следува во периодот понатаму.
Вчера на седницата на Извршниот Комитет и денеска на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми кои што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе започне со организирање на еден огромен народен протест кој што ќе се случи на 2-ри Јуни во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Ја користам оваа прилика да ги поканам сите оние добронамерници сите оние обесправени, сите оние разочарани, сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)