| четврток, 6 декември 2018 |

Наполи ја загуби титулата во хотел

Наполи ја загуби битката за шампионската титула во италијанската Серија А, која повторно ја доби бранителот на тронот, екипата на Јувентус.

Според предводникот на “азурите”, Маурицио Сари, критичниот момент во трката за титулата се случил пред две недели, кога неговите играчи гледале како Јувентус победува против Интер со 3:2, со два гола во последните пет минути.

Тимот претрпе психолошки удар поради начинот на кој заврши натпреварот Интер и Јувентус. Разочаран сум дека го изгубивме шампионатот во хотелот, а не на теренот. Треба да бидеме психички посилни и помалку чувствителни, но Серија А исто така треба да се подобри. Во последните 16 кола, ние игравме 14 пати по Јувентус. Бидејќи тие славеа скоро на сите овие натпревари, тоа ни делуваше психички, изјави Сари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top