| четврток, 6 декември 2018 |

Ниту коалициските партнери на Заев не знаат што договорил: Лиле Поповска дознава од медиумите што се преговара

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) како коалициски партнер на владата предводена од Зоран Заев не е информирана од владините претставници за разговорите за спорот со името со Република Грција, кои се одржаа во саботата близу Атина.

Претседателката на партијата, Лилјана Поповска во изјава за Курир кратко изјави дека сите информации во врска со разговорите ги добиле од медиумите.

Грчките медиуми пишуваат дека македонската страна во преговорите бара прво влез во НАТО и Европската Унија, а потоа на Македонија да и се даде рок од две години за имплементација на ерга омнес решение и ревизија на Уставот.

-Не ми се верува дека тоа е прифатено зашто ставот на преговарачите цело време беше јасен, дека промена на Уставот е апсолутно неприфатливо барање кое задира во сувереното право на граѓаните да одлучуваат за своето внатрешно уредување и именување, изјави Поповска за Курир во однос на пишувањата на грчките медиуми.

Грчкиот весник „Та Неа“ во саботното издание напиша, повикувајќи се на свои извори, напиша дека договорот не може да биде постигнат сега и веднаш, но оти македонската страна смета дека временскиот период од две години е задоволителен за да се направат потребните уставни промени, дали со или без распишување на избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top