| четврток, 6 декември 2018 |

Ременски му се спротивстави на Заев

Дека скандалот со поставување на терористот и командант на УЧК Командант Хоџа како советник во Владата на Р.Македонија, кој не почека па веднаш тргна да се заканува дека Албанците требало да војуваат со Македонците,  не создава револт само кај опозицијата покажува и реакцијата на пратеничката на СДСМ Фросина Ременски, која на социјалните мрежи напиша дека ниту една цел не може да биде оправдување за тероризмот и убиствата.

„Нема и не смее да има оправдување, величење и гордост за никаков чин на насилство, убиство или чин на тероризам! Ниту една цел, не може да биде оправдана со насилства и убиства! Паднатите за одбрана на мирот и државата заслужуваат длабока почит и достојно сеќавање за нивната жртва !“, напиша Ременски на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top