Министерот за надворешни работи веќе еднаш одржа брифинг со опозицијата за да ја информира за текот на преговорите за името, а следната средба ќе биде веднаш штом ќе има појасна ситуацијата, изјави вечерва министерката за одбрана Радмила Шекеринска во ТВ дебатата „Акцент“ на МТВ, во која учестввуа заедно со Александар Николоски, потпретседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ги чувме позициите на опозицијата и водиме сметка и за нивниот став, но сме свесни и дека самите ни рекоа „Ваша е задачата, после тоа ќе го кажеме нашето мислење“. Јас би сакала опозицијата ако не побага, барем да не одмага, поради тоа што кога бевме опозиција, ние дадовме мандат на владата „Преговарајте и ќе го поддржиме секое решение кое нема да ги загрози државните и националните интереси“. И мислам дека така е добро за сите. Ќе се трудиме така да го градиме односот и да не зборуваме едно во јавноста, а друго зад затворени врати, рече вечерва Шекеринска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


