| четврток, 6 декември 2018 |

„Фармацевтите“ го објавија првото засилување: Мичел Вајзер потпиша за Баер Леверкузен

24-годишниот германски фудбалер Мичел Вајзер ќе биде првото засилување на Баер Леверкузен ова лето за оштета од 12 милиони евра. „Фармацевтите“ со него ќе потпишат петгодишен договор, а Вајзер во нивните редови ќе пристигне од тимот на Херта.

– Со ангажирање на Вајзер направивме добра работа. Тимот ќе добие на квалитет, станува збор за многу талентиран фудбалер кој ќе не биде потребен во следната сезона. На есен повторно ќе играме во Европа и ќе ни треба ширина во тимот, изјави спортскиот директор на Баер, Руди Фелер, и додаде:

– Во текот на изминатите години тој покажа дека има голем потенцијал и сметаме дека може целосно да го искористи во нашиот клуб.

Вајзер e играч од средианта на теренот, но може да ја покрие и позицијата десен бек. Во Херта помина три сезони по пристигнувањето од Баерн Минхен, каде што не успеа да се избори за позначајна улога во тимот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top