
Македонскиот репрезентативец Енис Барди, по вчерашниот погодок од слободен удар за Леванте се запиша во историјата на најсилната шпанска фудбалска лига – Примера. Вториот погодок во 59-та минута против Леганес (0-3) беше дело токму на Барди кој успеа да го постигне својот петти гол за шпанскиот тим од слободен удар со што се запиша во историјата на шпанската лига.
Македонскиот репрезентативец стана еден од последните пет играчи што успеале да постигнат по пет голови во една натпреварувачка сезона од слободен, но никој од претходните четири фудбалери нема подобар ефект од него.
Покрај Барди, во изминативе 18 години, односно од почетокот на 21. век, тоа им успеало на Асунсао (5 гола од 49 обиди) во сезоната 2004-2005, Перниа (5 од 24 обиди) во 2005-2006, Роналдињо (6-49) во 2006-2007 и Лионел Меси (6-48) минатата година.
Во актуелната сезона Барди има пет голови, но од само 16 обиди, што го прави постигнувањето уште поимпресивно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


