Ниту Меси ниту Кристијано Роналдо сезонава не шутираат слободни удари како македонскиот репрезентативец. Вечерва против Леганес на гости Барди даде ефектен гол од прекин во 59’ минута за 0-2 за Леванте.
Барди неодамна влезе на вечната листа фудбалери во шпанската Ла Лига кои дале два гола од слободен удар на еден натпревар. Вечерва се најде на уште една неверојатна листа со великани како Роналдињо и Меси кои дале најмалку пет гола од слободен удар во една сезона.
5 – Last 5 players with 5+ direct free-kick goals in a single La Liga season:
1 – Marcos Assunção (5/49 en 04/05)
2 – Mariano Pernía (5/24 05/06)
3 – Ronaldinho (6/49 en 06/07)
4 – Lionel Messi (6/48 en 17/18)
5 – ENIS BARDHI (5/16 en 17/18).Specialist.
— OptaJose (@OptaJose) May 7, 2018
Вечерашниов гол на Енис Барди беше негов седми сезонава на 25 натпревари од кои 5 од слободен удар и трет на последните три натпревари. Интересно, на мечот Фахад Ал Мувалад од Леванте стана првиот играч од Саудиска Арабија што заиграл во најдобрата шпанска лига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


