Денеска во Уставниот суд се одржa невообичаена јавна расправа по иницијативата поднесена од политичката партија „Левица“, која се однесува на повреда на слободата на мислата и јавното изразување, како и дискриминација по основ на политичка припадност.
Со образложение дека го попречуваат јавниот ред и мир и дека носат транспарент што повикува на омраза, а на кој пишува „против војната за профити“, членови на „левица“ лани во јули беа спречени во обидот да направат мирен протест на плоштадот во центарот на Скопје, каде се одржуваше презентација на воена опрема од САД.
Одбраната обвини дека станува збор за повреда на слободата и правата за изразување бидејќи лишувањето од слобода од страна на полициските службеници било спротивно на законот и на Уставот.
Претставничката од МВР Татјана Калајџиска посочи дека против полициските службеници се поднесени дисциплински мерки затоа што е утврдено дека поплаките од граѓаните се основани. Со какви казни се соочиле полицајците за одземање на правото на протест и изразување јавноста досега не е информирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


