| четврток, 6 декември 2018 |

Заев треба да го постави бројчаникот пред Владата за да покажува колку ја задолжува државата

Во интервју за утринската програма „Ја сакам Македонија“ на Сител Телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се осврна и на бројчаникот кој Заев најави дека ќе го постави за враќањето на парите.

-Мислам дека е добро тој бројчаник да го постави пред владата на Република Македонија и тој бројчаник да покажува на паралелна основа колку ја задолжува Република Македонија, а притоа колку одзема вредност, а не додава. Бидејќи вие имате задолжување кое што не додава вредност, туку имате задолжување кое одзема вредност во Република Македонија, бидејќи немате повторно реализација – изјави Мицкоски.

Според него општествена депресија и расочараност на граѓаните владее од политиките на СДСМ.

-Со жалење можам да констатирам дека се работи за еден тежок период за Република Македонија, за што сведочат и јавувањата на граѓаните во утринските емисии. Генерално луѓето не се задоволни од квалитетот на живот и тоа можам да го препознаам и во секојдневните контакти со граѓаните, без разлика на нивната старосна возраст, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  – вели Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top