| четврток, 6 декември 2018 |

Мончи: Ова што се случува во ЛШ не е нормално

Рома остана без посакуваниот пласман во финалето на Лигата на шампионите, а и реваншот со Ливерпул не мина без критики на сметка на судијата Дамир Скомина кој имаше неколку контроверзни одлуки на штета на домаќините.

Веднаш по средбата, реагираше спортскиот директор на Рома, Мончи, кој вели дека италијанските клубови веќе не смеат да молчат за она што им се случува во Лигата на шампионите.

– Судиите влијаеја на исходот. Примивме гол од офсајд на првиот натпревар, вечерва не добивме два пенала, од кои барем за едниот следуваше црвен картон. Време е да го кренеме гласот, не само Рома, туку и Јувентус беше оштетен против Реал Мадрид, италијанскиот фудбал мора да реагира бидејќи ова што го гледаме е шокантно. Ова е играње со срцата на фановите, мора да му честитаме на Ливерпул, но и да анализираме како дојде до нивниот пласман во финалето. Јас сум Шпанец, дојдов овде пред една година, но убеден сум дека ова не е нормално.

Рома ограбена: Скомина пропушти да досуди два пенала и два црвени картона за Ливерпул (ВИДЕО)

– Не можам да разберам зошто ВАР не се користи во најважното клупско натпреварување во светот. Ваквиот пристап носи големи штети врз пасијата за фудбалот, мора да ја користиме технологијата. Можеби фановите се шегуваат дека со ВАР, финалето ќе беше Баерн-Рома, но излегува дека тоа е вистината, – потенцира Мончи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top