
По информацијата објавена во неколку домашни медиуми вчера, дека градоначалникот на скопската општина Чаир, Висар Ганиу, бил претепан од сопартијци, припадници на различна фракција во ДУИ, Ганиу ја демантира оваа информација, објави „Фокус“.
– Не е точно дека ме нападнале, не знам зошто се измислуваат вакви работи. Вчера бев на концерт на Инва Мула, а таму беше и лидерот Али Ахмети. Се објавува и дека ме претепала група на Бекир Асани, но ова не е точно, помеѓу нас нема расправии, сите сме дел од централното раководство на ДУИ, изјавил за „Фокус“ градоначалникот Ганиу.
Претходно, порталот на Албански јазик „Кумановапрес“ објави дека Ганиу бил претепан од групата на Бекир Асани од Чаир поради намерата на градоаначалникот да даде изјава во полициајта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


