| четврток, 6 декември 2018 |

На Салах му се заканува суспензија од 3 натпревари

Ливерпул може да добие тежок удар на крајот на сезоната и да остане без својата прва ѕвезда, Мохамед Салах. Според „Сан“, египетскиот репрезентативец може да добие сиспензија од три натпревари, бидејќи се обиде да го удри без топка дефанзивецот на Стоук, Бруно Мартинс Инди за време на натпреварот меѓу двата тима, но оваа епизода не ја забележа главниот судија и последици по првиот стрелец на „црвените“ немаше.

Во наредните денови, сепак Дисциплинската комисија ќе ги разгледа видео-снимките за случајот и Египјанецот на крајот може да претрпи тешка казна.

Сезонава Салах е прв стрелец во Премиер лигата, со 31 гол на своја сметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top