Во 39-те часа додека беше „исчезната“, 21-годишната манекенка Мина Миленковиќ, за која Србија се крена на нозе, всушност, уживала со еден таксист, а потоа од него барала да ја претепа за луѓето да веруваат во нејзината измислена приказна и така да го врати своето момче, пренесува српски „Ало“.
Конечно, истрагата покажа дека српската манекенка ниту била исчезната, ниту била силувана, ниту претепана, туку ја измислила целата приказна за да ги реши проблемите во љубовниот живот и да го врати саканиот.
Откако манекенката го напуштила сплавот „Ривер“, седнала на возачкото седиште од својот автомобил и при паркирањето оштетила неколку такси-возила. Додека нејзините пријатели се обидувале да ја добијат на телефон, Мина се качила во такси и на прашањето на таксистот каде сака да оди, таа му одговорила: „Кај тебе“.
Момчето било збунето, но Мина продолжила да го заведува, а тој прифатил да ја однесе во својот стан. Откако вечерале, таа заспала и воопшто немала сексуални односи со него како што се пишуваше по српските медиуми. Таксистот, не сакајќи да има проблем ниту со родителите ниту со момчето на манекенката, ѝ рекло веднаш да си оди.
Пред да си оди, Мина му рекла:
– Ми треба уште една услуга од тебе, те молам удри ми две-три шлаканици.
На тоа таксистот ѝ одговорил дека е луда и дека веднаш треба да замине од неговиот живот и стан.
Случаен минувач ја сретнал Мина и веднаш повикал полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


