| четврток, 6 декември 2018 |

Верижен судир пред Собрание – пристигна и Брза помош (ФОТО)

Четири возила учествуваа во верижен судир на булеварот „11 Октомври“ пред Собранието на Република Македонија што се случи пред малку. Во судирот најоштетено е последното возило, мерцедесот со врањски регистарски таблички. Набрзо на местото на настанот пристигна возило на брзата помош, а полициски екипи се на пат.

Повеќе информации наскоро.

Фото: Република

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top