| четврток, 6 декември 2018 |

Гатузо им се извини на навивачите на Милан по вчерашниот пораз од Беневенто

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, не го криеше разочарувањето од играта на неговите фудбалери, кои синоќа беа поразени на „Сан Сиро“ со 0-1 од најслабиот тим во Серија А, Беневенто. Според Гатузо секое алиби е неиздржано, бидејќи и против најлошопласираниот тим не може да се игра без одлучност и без душа.

– Ги предупредив фудбалерите дека ќе имаме проблеми. Не можете да играте без одлучност и без душа. Ние практично го скокоткавме нашиот противник, не бевме воопшто опасни. Противникот дури и не мораше премногу да се потруди за да не победи, истакна тренерот на Милан.

Тој наведува дека ќе го анализираат натпреварот, но дека е јасно дека тимот оди надолу.

– Јас сум најодговорен за резултатите. Им се извинувам и на навивачите, бидејќи ние го носиме светиот дрес и не смееме да имаме вакви срамни натпревари. Јас не можам пред јавноста да зборувам невистини. Очигледно е дека одиме надолу, потенцира Гатузо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top