| четврток, 6 декември 2018 |

Бразилскиот голман Жулио Цезар му кажа збогум на фудбалот

Еден од најдобрите бразилски голмани во изминатава деценија, Жулио Цезар, реши да замине во пензија и да му каже збогум на фудбалот на 38-годишна возраст. Цезар ги соблече ракавиците како член на Фламенго, за кого го одигра натпреварот против Америка Минеиро. Навивачите му приредија спектакл, а тој со солзи во очите се прости од нив и фудбалот.

Голманот ја почна кариерата токму во Фламенго, каде настапуваше прво како младинец од 1991 до 1997, а потоа како професионалец од 1997 до 2005. Потоа следеше трансфер во Интер каде стана легенда и бранеше до 2012 година. Беше дел и од Квинс Парк Ренџерс, Торонто и Бенфика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top