Лепа Брена го доби на суд спорот кој беше покренат поради неподмирени долгови кон пејачката после концертот одржан во Хрватска во 2009 година. Госпоѓата Тања Бичиќ Ганиќ од Пула ќе мора да и исплати пари.
Проблемот настанал пред 9 години кога Лепа Брена закажала и одржала концерт во Загреб. Првиот договор бил дека цената за настапот ќе биде 100.000 евра. На Брена и се исплатени 70.000 евра, а остатокот никогаш не дошол до неа. Ганиќ која е сопственичка на фирмата која го организирала концертот, сега мора да и исплати близу 40.000 евра, сметајќи ги и каматите за доцнење, пренесува „Глас Истре“.
Сопственичката на фирмата тврди дека со исплата на остатокот не дошло зошто паднала продажбата на картите откако испливала фотографија на која Брена е во „српска униформа“.
Пејачката истакна дека станува збор за измислици и дека нејзината облека била „онаа за сафари“. Брена професионално ги исполнила сите обврски кои биле пред неа и направила одличен концерт. Иако по неисплаѓањето и испратила опомена, остатокот на средствата никогаш не и е уплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.