| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи добил директорско место во Водовод Скопје?

И додека ДПА сé уште чека да влезе во владата на премиерот Зоран Заев, оваа партија веќе стана дел од „владата” на ниво на град Скопје, пишува весникот Лајм.

Извори за Лајм велат дека кандидатот на оваа партија за градоначалник во општина Чаир, Идриз Орана, е избран за член на одборот на директори на ЈП Водовод и Канализација – Скопје, станувајќи првиот официјален претставник на ДПА во извршната власт на главниот град.

Орана беше и советник во два претходни мандати во градот Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top