
Уште едно возило дојде на помош на пожарникарите кои се обидуваат да го изгаснат огнот кој ги зафати горните катови од зградата на Министерството за правда. Откако со 4 возила не успеале да го локализираат огнот, пожарникарите повикале уште едно возило со скали за полесно да можат да пристапат до местото.

Според неофицијални информации пожарот е на четврти кат во зградата. Вработени велат дека алармот се запалил, но бидејќи честопати знаело да има лажни тревоги тие првично мислеле дека се работи повторно за лажна тревога.Но наскоро започнала узбуната по што сите ја напуштиле зградата. Во моментот кога избувнал огнот вработените се уште биле внатре во зградата.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


