– Основна дејност на ‘Јасен’ е ловот. Имаме и сопствен репроцентар, за одгледување и заштита, како и за обезбедување на природната рамнотежа на дивечот. Оние единки што не ги задоволуваат критериумите, имаат недоволен раст, не просперираат, ги ставаме во посебна ограда од 25 хектари, во ‘Јасен 1’ кај Матка. Тој простор е строго контролиран, знаеме што има таму. Не се пуштаат женски единки, само тие што се за санитарен отстрел, тие чија генетика не дозволува да се развиваат како што треба. И место да ги носиме во кланица, се организира лов. Тоа е санитарен лов, изјавил Зечевиќ за Независен весник.
„Балкан хантер клаб“ е ловниот туроператор од Република Бугарија кој го организирал ловот во кој учествувале поранешните политичари. Зечевиќ вели дека еднаш во годината задолжително има ваков лов, а ако има потреба, и двапати.
Според Законот за ловство: „ловостојот не се однесува на машките видови дивеч и тоа: срнак, обичен елен, елен лопатар, муфлон и дива свиња, доколку истиот се одгледува во оградени простори за интензивно одгледување и застрел на дивеч“.
-За овој лов го известивме Државниот инспекторат за шумарство, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Ветеринарниот инспекторат, како што налага Законот. Пред секој лов ни даваат насоки кои мостри треба да ги земеме. По отстрелот, примероците се праќаат на анализа, а ние добиваме ветеринарен сертификат за исправноста на месото. Потоа го купуваат елитни ресторани, односно луѓе што сакаат диво месо, а ние гарантираме за исправноста на месото, укажува Зечевиќ.
„Анима мунди“ ќе ги тужи поранешните политичари за масакрот во „Јасен“
Извор: Независен весник
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст