| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен на универзитет во Турција уби четири лица

Четири лица се убиени во денешното пукање што се случи на Универзитетот Османгази во северозападната турска провинција Ескисехиш, пренесе агенцијата Анадолија.

Напаѓачот, кој е истражувач на Универзитетот ги уби заменик-деканот, секретарот на факултетот и двајца предавачи. Други три лица се повредени во нападот, според Си-ен-ен турк.

Како што пренесува Си-ен-ен, турската полиција го уапсила напаѓачот. Неговите мотиви се сѐ уште непознати.

Ректорот на универзитетот Хасан Гонен го опиша истражувачот како „проблематичен“ кој бил под истрага поради вербалните навреди на академскиот кадар поради сомневање на „психолошки проблеми“, изјави Гонен за Си-ен-ен Турк.

Според други известувања се вели дека напаѓачот ги вознемирил колегите тврдејќи дека тие биле членови на групата обвинета за неуспешниот државен удар во Турција од 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top