Повредена е уште една полицајка, овојпат во Струга. По скандалот со високиот функционер на ДУИ, Бекир Асани, во кој беше нападната припадничка на Министерство за внатрешни работи, сега нов инцидент поврзан со непрописно паркирање.
Како што објави expres.mk повикувајќи се на очевидци на настанот, инцидентот се случил сред бел ден во центарот на Струга. Полицајката вршела задачи од сообраќај и реагирала за непрописно паркирање на возило „голф“, во кое бил возачот. Возачот, за кој очевидците тврдат дека е од селото Велешта, почнал да ѝ вика на полицајката и не ѝ ги давал документите од возилото. Потоа ја навредувал и пцуел и ја истуркал кога таа сакала да го приведе.
За време на инцидентот во еден момент насилникот силно ја оттурнал со рацете полицајката, при што таа се повредила. Полицајката побарала медицинска помош, а на нејзино барање преку радио врска, на помош ѝ дошле колегите.
За разлика од инцидентот во Скопје, во кој полицајците се уплашија од политичката моќ на Асани, во Струга тие го привеле насилникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


