
Французинот Самир Насри остана во лошо сеќавање на навивачите на Арсенал порафи начинот на кој го напушти „Емирејтс“ и замина во Манчестер Сити во потрага по повеќе пари. Сега поранешниот француски репрезентативец повторно е мета број еден меѓу фановите на овој клуб поради изјавата на Емануел Фримпонг која стана актуелна во Англија.
Поранешниот член на Арсенал кој сега е играч на кипарскиот клуб Ермис се отвори за својата етапа во Северен Лондон во ексклузивното интервју за „Телеграф“, во кое откри каков ужасен третман добил од Самир Насри во самите почетоци во Арсенал кога од резервиниот се приклучил на првиот тим.
– Го загубиме натреваро со 0-2 и сите очекувавме Венгер да дојде лут во соблекувалната. Наместо тоа, тој дојде навистина мирен и немаше никакви посебни замерки до играчите. Сепак, тогаш истапи Насри и поради некоја причина почна да ми вика во лице. „Загубивме поради тебе“. Се чувствував многу лошо, јас бев многу млад и не знаев што правам во некои ситуации на теренот. Бев уништен, поради Насри се обвинував себеси за поразот.
– Но, тоа не беше исклучок. Насри секогаш имаше нешто против мене. Кога ќе утнев додавање на тренингот, веднаш трчаше кон мене и ми викаше. Во неколку наврати ми порача дека „може да ме купи, ако сака да го направи тоа“. Тој е вистински идиот. Никогаш нема да почитувам идиоти како Насри, воопшто не ми се допаѓаат такви луѓе, порачува Фримпонг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


