| четврток, 6 декември 2018 |

Два гола за 20 минути: Ибрахимовиќ со неверојатно деби за ЛА Галакси (видео)

Златан Ибрахимовиќ вчера дебитираше во американската МЛС лигата со два гола и победа од 4-3 за Лос Анџелес Галакси на градското дерби против Лос Анџелес ФЦ.

Гостите со двата гола на Карлос Вела во првото полувреме и автоголот на Даниел Стерес имаа висока предност од 0-3.

Себастијан Летгет во 61. минута намали на 1-3, а Крис Понтуис беше прецизен во 73. минута за 2-3.

Ибрахимовиќ десетина минути по влегувањето на теренот во 77. минута постигна гол од голема далечина за израмнување на 3-3, a во 91. минута, по асистенција од Ешли Кол, шведскиот напаѓач со глава го реализираше вториот гол за победа од 4-3 на Галакси и ги воодушеви навивачите на својот деби настап за ЛА Галакси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top