Полицијата во Загреб била принудна да реагира на плоштадот „Бана Јелачиќ“ и како што пренесуваат хрватските медиуми, „да ја смири групата од дваесетина хулигани“. Се работи за навивачи на фудбалскиот тим од Подгорица „Будуќност“.
Како што пренесува хрватскиот портал Индекс, загребачката полиција ги привела навивачите кои уништувале името на и околу познатиот плоштад во претстолнината на Хрватска.
Според наодите, тие покрај вообичаените навивачки песни, извикувале и националистички и шовинистички пароли.
Според хрватските медиуми, навивачите скандирале „Убиј усташи“ и „Ова е Србија“. Бил фрлен солзавец, но нема информации за повредени навивачи или полицајци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


