Сложено име за севкупна употреба, но и бришење на „агресивниот дух кон Грците“ од Уставот, учебниците и секојдневниот живот во соседната земја, се позициите на лидерот на партијата „Река“, Ставрос Теодоракис за прашањето за името.
Во интервју за грчката телевизија „Скај“ Теодоракис вели дека неговата партија, како и Движењето за промена, во кое членуваат Река, заедно со ПАСОК, сакаат да се реши проблемот, „затоа што не е толку голем колку што го претставуваат“. Меѓутоа, тој поставува и одредени предуслови за решение.
-Едно сложено име за севкупна употреба, паралелно со конкретни обврски од нашите соседи дека ќе има бришење во нивниот Устав и во учебниците. Многу инсистирам на учебниците затоа што тие ја градат свеста, дека од нивното секојдневие, од нивната култура, ќе се избрише овој агресивен дух кон Грците и кон грчката Македонија, вели Теодоракис за „Скај“.
Лидерот на Река одби директно да одговори каква ќе биде позицијата доколку договорот дојде во грчкиот Парламент. Гласањето, според него, ќе зависи од самиот предлог и што тој точно ќе содржи, збор по збор, јави диписникот на МИА од Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст