| четврток, 6 декември 2018 |

Супер здрава комбинација која ја чисти кожата и го регулира холестеролот

Оваа едноставна комбинација благотворно делува на организмот и го забрзува слабеењето.

Циметот главно се додава во колачите или напитоците за поубав вкус. Сепак, доколку сакате да ја направите најздравата мешавина додадете го во јогуртот. Најдобро е да користите јогурт со низок процент на масти и што поквалитетен цимет.

Резултатите од научните истражувања покажаа дека половина лажица цимет на ден може да го намали нивото на шеќер во крвта и се препорачува како превентива за дијабетес тип 2. Исто така, експертите тврдат дека циметот може да го намали зголеменото ниво на лош холестерол и триглицериди, а воедно да ја исчисти вашата кожа.

Мешавината од цимет и јогурт е добра за здравјето, но и витката линија. Консумирајте ја оваа смеса една недела и ќе бидете воодушевени од резултатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top