Владата вечерва на седница одлучи да ја стави во мирување продажбата на „мерцедесот” вреден 600.000 евра што го набави претходнтата влада, со цел да осигури дека никој нема да ја искористи оваа постапка за да избегне одговорност во судскиот процес каде ова возило е материјален доказ. За набавката на „мерцедесот” СЈО отвори предмет „Тенк” кој е во судска постапка.
Минатиот месец Владата извести дека е донесена одлука за продажба која требаше да се изврши преку електронскиот систем за јавно наддавање, а почетната проценета вредност на автомобилот, согласно проценката на Бирото за судски вештачења, изнесува 230.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


