| четврток, 6 декември 2018 |

Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија

На Плоштадот Македонија во Скопје започнува протестот против промената на уставното име на Македонија.

Протестот е во организација на движењето „Нашето име е наше право“. На протестот ќе биде изразено незадоволство од, како што пишува, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

ФОТО: А. ИВАНОВСКИ (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top