| четврток, 6 декември 2018 |

Не смее да објавува фотографии со синот, но еве колку Северина заработува со само една објава на Инстаграм!

Една од најпознатите хрватски ѕвезди, Северина Којиќ, се вбројува во групата на најследени ѕвезди на социјалната мрежа Инстаграм.

Токму поради тоа, познати брендови често и нудат пари во замена за рекламирање на нивните производи.

Нејзината популарност и овозможува на Севе да има добра цена за реклама на Инстаграм.

На почетокот таа заработуваше до 1000 евра, но, сега за една објава заработува до 5000 евра.

Инаку, Северина од Инстаграм тимот веќе добила предупредување дека е пред блокада поради тоа што повторно објавува фотографии со нејзиното дете, а токму поради тоа на нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ во судската пресуда доделено му е правото самостојно да го застапува синот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top