| четврток, 6 декември 2018 |

Условна од една година за директорот-митаџија

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој е обвинет за поткуп, доби условна затворска казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело.

На првото судско рочиште тој призна вина, а пресуда е изречена набрзо. Според пресудата, Чапаровски исто така во наредните две години не може да биде избран за директор.

Екс директорот на 31 мај беше уапсен по пријава од пациент за земање мито. Тој побарал пари од татко на 14 годишно девојче кое требало да замине на лекување во странство, а за возврат требало да издаде конзилијарно мислење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top