| четврток, 6 декември 2018 |

Давитков: Не размислуваме за ништо друго освен за победа над Словачка

Сениорите го одржаа првиот собир во пресрет на натпреварот со Словачка кој ќе се одигра в недела. Доколку запишат уште една победа, трета во рамки на оваа прва претквалификациска рунда, тогаш ќе се стационираат на првата позиција на табелата во групата А која гарантира пласман во втората рунда од претквалификациите.

– Поминавме многу добро таму, сега треба истиот да го завериме чекорот на домашен терен. Очекувањата е победа, не размислуваме многу на друго. Имаме 16 играчи, ќе видиме кои 12 ќе го понесат товарот. Сакаме поддршка од публиката, добра игра и победа и да завериме пласман во наредната рунда.

– Нема да дозволам никакво опуштање, сакам да бидеме максимално фокусирани и да одиграме како што знаеме. Хендрикс имал грип, не тренирал шест дена. Подготвен е, ќе тренира четири дена. Може нема да може да даде 100%, но знаејќи го него како одигра во Словачка, сигурно ќе даде максимум. Тука ќе ги имаме и Трајковски и Костоски, кои сигурно ќе ни бидат од помош. Додека сум селектор, ќе ги повикувам сите што се најдобри во македонската кошарка. А дали ќе играат, тоа е нивно, истакна селекторот Давитков на првиот тренинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top